Лондон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лондон
London
Колаж на знаменитости на Лондон:
Колаж на знаменитости на Лондон:
Лондон се наоѓа во Обединето Кралство
Лондон
Местоположба во Британија
Координати: 51°30′26″ СГШ 0°07′39″ ЗГД / 
Држава Обединето Кралство
Земја Англија
Регион Голем Лондон
Основан од Римјаните ~ 43 г. (како Лондиниум)
Грофовии Сити и Голем Лондон
Окрузи Сити и 32 окрузи
Управа
 • Вид Самоуправа
 • Орган Управа на Голем Лондон
 • Тело Собрание на Лондон
 • Градоначалник Садик Кан
 • Собрание 14 изб. един.
 • Парламент 74 изб. един.
 • Европски парламент Лондонска изб. един.
Површина
 • Голем Лондон 1.572 км2
 • Градска 1.737,9 км2
 • Метро 8.382 км2
Надм. вис.[1] 35 м
Население (2014)[2]
 • Голем Лондон 8.538.689
 • Густина 5.432/км2
 • Градска 9.787.426
 • Метро 13.879.757
Часовен појас GMT (UTC)
 • Лете (DST) BST (UTC+1)
Пошт. бр.
Повик. бр.
GeoTLD .london
Мреж. место London.gov.uk

Лондон (англиски: London) — главен град на Англија и на Обединетото Кралство, а според некои пресметки, воедно е и најголемиот град во Обединетото Кралство и најголемата урбанизирана зона во Европска Унија. Се наоѓа на реката Темза на подрачје каде постојат неселби веќе два милениуми. Историјата на Лондон почнува уште од времето на Римското царство кога се смета дека бил основан од страна на Римјаните кои го нарекле Лондиниум.[3] Античкото јадро на Лондон во голема мера ги има задржано своите граници. Од периодот на 19. век, името Лондон започнало да се однесува и на делот од градот кој се развивал околу јадрото.[4] Лондон е еден од водечките глобални градови, со развиена уметност, трговија, образование, забава, мода, финансии, здравство, медиуми, професионални услуги, истражување и развој, туризам и транспортот кои придонесуваат за неговата важност.[5]

Лондон е важно културно, економско и образовно средиште во Европа и во светот, а со него се Париз, Њујорк, Токио, се смета за еден од светските центри. Избран е за град-домаќин на Летните Олимписки Игри во 2012 г.

Лондон како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Лондон како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Лондон како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Лондон гори“ (London's Burning) - песна на британската панк-рок група „Клеш“ (Clash) од 1977 година.[7]
  • „(Не сакам да одам во) Челси“ ((I Don't Want To Go To) Chelsea) - песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1978 година.[8]
  • „Лондон повикува“ (London Calling) - песна и албум на британската панк-рок група „Клеш“ од 1979 година.[9]
  • „Пикадили“ (Piccadilly) - песна на британската рок-група „Сквиз“ (Squeeze) од 1981 година.[10]
  • „Улиците на Лондон“ (Streets of London) - песна на британската панк-рок група „Анти Ноувер Лиг“ (Anti Nowhere League) од 1982 година.[11]
  • „Мрачните улици на Лондон“ (Dark Streets of London) - песна на ирската рок-група „Поугс“ (The Pogues) од 1984 година.[12]
  • „Лондон“ (London) - песна на британската група „Смитс“ (Smiths) од 1987 година.[13]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (online) London, United Kingdom Forecast : Weather Underground (weather and elevation at Bloomsbury). The Weather Underground, Inc.. http://www.wunderground.com/cgi-bin/findweather/getForecast?query=pws:IGREATER13. посет. 22 август 2014 г. 
  2. „Population Estimates for UK, England and Wales, Scotland and Northern Ireland, Mid-2014“. ONS. 25 јуни 2015. http://www.ons.gov.uk/ons/publications/re-reference-tables.html?edition=tcm%3A77-368259. посет. 18 октомври 2015 г. 
  3. „Roman“. The Museum of London. http://classic-web.archive.org/web/20080622181424/http://www.museumoflondon.org.uk/English/EventsExhibitions/Permanent/RomanLondon.htm. посет. 7 јуни 2008 г. 
  4. Mills 2001, стр. 140
  5. „Global Power City Index 2009“. Institute for Urban Strategies – The Mori Memorial Foundation. http://www.mori-m-foundation.or.jp/english/research/project/6/pdf/GPCI2009_English.pdf. посет. 14 декември 2010 г. 
  6. Džordž Orvel, Životinjska farma. Beograd; BIGZ, 1985, стр. 101.
  7. YouTube, The Clash - Londons Burning (пристапено на 17.1.2017)
  8. YouTube, (I Don't Want To Go To) Chelsea - Elvis Costello (пристапено на 25.12.2017)
  9. Amazon, The Clash London Calling (пристапено на 17.1.2017)
  10. YouTube, Squeeze - East Side Story (1981) | FULL ALBUM (пристапено на 31.10.2017)
  11. YouTube, Anti Nowhere League- Streets Of London (пристапено на 25.12.2016)
  12. YouTube, The Pogues - Red Roses For Me (FULL ALBUM) (пристапено на 22.8.2017)
  13. YouTube, The Smiths - London (Billy Liar video) (пристапено на 17.1.2017)