Клер Фој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клер Фој
Роден(а) Клер Елизабет Фој
16 април 1984 (1984-04-16) (воз. 34 г.)
Стокпорт, Англија
Занимање Глумица
Активен период 2008–сè уште

Клер Елизабет Фој (родена на 16 април 1984 г.) — англиска глумица.

Таа ја започнала својата кариера на телевизија, глумејќи во првата епизода од серијата Да се биде човек (2008) и во епизода од серијата Доктори (2008). По нејзиното професионално деби во кралскиот национален театар, таа играла главна улога во минисеријата Малата Дорит[1] (2008) и ја добила својата прва филмска улога во филмот Сезона на вештерката (2011).

Таа играла главна улога како Ерит Метјус во серијата Ветување (2011) и како Кејт Балфор во серијата Вкрстени коски (2014). Таа добила пофалби за нејзината изведба како кралицата Ана Болејн во серијата Вулф хол (2015), за која била номинирана за најдобра глумица на БАФТА телевизиските награди и за најдобра споредна глумица на наградите на телевизиските критичари.

Од 2016 до 2017 година, таа ја толкувала кралицата Елизабета II на млади години во серијата Круна, улога која ѝ донела Златен глобус за најдобра глумица во ТВ серија (драма) и две награди за најдобра глумица во ТВ серија (драма) на наградите на здружението на филмски глумци на САД. Во 2018 година, таа ќе ја толкува Џенет Шерон, сопругата на Нил Армстронг во биографскиот филм Првиот човек, во режија на Демиен Шазел и ќе глуми во трилерот Девојката во пајаковата мрежа.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]