Вилхелм Вин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вилхелм Вин
Wilhelm Wien 1911.jpg
Роден 13 јануари 1864(1864-01-13)
Гафкен близу Фишкаусен, Пруска провинција
Починал 30 август 1928(1928-08-30) (воз. 64 г.)
Минхен, Германија
Националност Германија Германец
Полиња Физика
Установи Гисенски универзитет
Вирцбуршки универзитет
Минхенски универзитет
Колумбиски универзитет
Образование Гетингенски универзитет
Берлински универзитет
Докторски ментор Херман фон Хелмолц
Докторанди Карл Хартман
Габриел Холтсмарк
Едуард Рукарт
Познат по Црно-телно зрачење
Винов закон за поместување
Поважни награди Нобелова награда за физика (1911)
Сопружник Луиз Мелер (1898)

Вилхелм Карл Вернер Ото Фриц Франц Вин (германски: Wilhelm Carl Werner Otto Fritz Franz Wien 13 јануари 186430 август 1928) бил германски физичар кој во 1893, користел теории за топлина и електромагнетизам за да го изведе виновиот закон за поместување, кој го пресметува електромагнетното зрачење на црно-тело на било која температура од емисијата на било која референтна температура.

Тој исто така формулирал израз за црно-телното зрачење кое е точно во фотон-гасната граница. Неговите аргументи се засновале на поимот за адијабатската непроменливост, и биле инструментални за формулирањето на квантната механика. Во 1911 ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа окулу топлотното зрачење.


Биографија[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Вин се родил во Гафкен близу Фишкаусен, Пруска провинција, како син на земјопоседникот Карл Вин. Во 1866, неговото семејство се преселило во селото Смоково, Полска.

Bo 1879, Вин се школувал во Растенбург и од 1880-1882 го посетувал градското училичте во Хајделберг. Во 1882 се образувал во Гетингенскиот универзитет и во Берлинскиот универзитет. Од 1883-85, работел во лабораторијата на Херман фон Хелмолц и во 1886 се здобил со признанието Доктор по филозофија со тезата за дифракција на светлината на метал и за влијанието на бројни материјали на бојата од одбиена светлина. Од 1896 до 1899, Вин предавал на Акенскиот универзитет. Во 1900 отишол во Вирцбуршкиот универзитет и станал наследник на Вилхелм Конрад Рентген.


Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1896, Вин, емпириски утврдил дистрибутивен закон за црно-телното зрачење,[1] подоцна именуван по негово име: Винов закон. Макс Планк, кој бил колега на Вин, не верувал во емпириски закони, така што користејќи го електромагнетизмот и термодинамиката, предложил теоретска основа за Виновиот закон, кој станал Вин-планков закон. Сеедно, Виновиот закон важел само при висока фреквенција. Планк ја исправил теоријата и предложил, сега познат, Планков закон, кој довел до развивање на квантната теорија. Сеедно, другата емпириска формулација на Вин , наречена Винов закон за поместување е сеуште многу корисна, се однесува на најголемата бранова должина емитувана од телото (λmax), до температурата на телото (T). Во 1900 (продолжувајќи ја работата на Џорџ Фридрих Карл Сеарле) претпоставил дека суштината се крие во електромагнетната природа и ја предложил формулата за релацијата помеѓу електромагнетната маса и електромагнетната енергија.

Додека го испитувал струењето на јонизиран гас, Вин, во 1898, идентификувал позитивна честичка еднаква по маса со масата на водородниот атом. Вин, со оваа работа, ги поставил темелите на масената спектрометрија. Џозеф Џон Томсон го рафинирал виновиот апарат и извел понатамошни експерименти во 1913, по работата на Ернест Радерфорд во 1919, виновата честица била прифатена и именувана „Протон“. За време на месец април 1913, Вин бил предавач во Колумбискиот универзитет.[2]

Во 1911, Вин бил награден со Нобелова награда за физика „за неговите откритија во врска со законите кои управуваат со зрачењето на топлина“.[3]


Поврзано[уреди | уреди извор]


Публикации[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]