Википедија:Огласна табла за администратори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Вовед  · Почетен курс  · Помошна табела  · Превод на статија  · Вашата прва статија  · ЧПП  · Помош  · Начела и напатствија

Селска чешма (Village pump)  · Потребни статии  · Инкубатор  · Кандидати за избрана статија (Ревизија)  · ВикиПроекти  · Викисредби  · Facebook icon.svg Facebook  · Twitter.svg Twitter

Одржување  · Администратори  · Потреба од администраторско внимание  · Прашања за авторски права


Однесување на корисникот Виолетова[уреди извор]

Станува збор за статијата Филип Петровски. Корисникот Виолетова избриша реченици кои директно се цитирани од списанието „Фокус“ велејќи дека цитираната статија ја немало на интернет. Откако на нејзината страница за разговор и објаснив дека е најдобро да побара од корисникот ГП, кој ја напишал содржината, по мејл да ѝ испрати скенирани страници од „Фокус“, повторно ревертираше со истото објаснување дека статијата од Фокус ја нема на Интернет. Како шлаг на тортата, своерачно ја заклучи статијата иако е вмешана страна во спорот. Вакво несериозно однесување од администратор ретко имам видено. Молам за трето мислење.--Retrohead (разговор) 18:58, 2 мај 2017 (CEST)

  • Виолетова е една од постарите уредувачи на мк википедија... Работи согласно правилата на википедија... сметам дека делувањето на Retrohead е чисто троловско... --Еден Македонец (разговор) 19:03, 2 мај 2017 (CEST)
И стварно не знам како овој коментар има врска со поднесеното барање. Молам прво прочитај го спорот па дај мислење.--Retrohead (разговор) 19:04, 2 мај 2017 (CEST)
Навистина сум изненаден поради бришењето на моето уредување, поради две причини: прво, во него немаше ништо спорно, навредливо итн., туку станува збор за наведување факти; второ, уредувањето беше поткрепено со соодветен извор, а тоа е списанието „Фокус“. Не знаев дека единствениот критериум за вклучување на некој извор е него да го има на интернет. На пример, што ако цитирате некоја книга (да речеме, Историја на македонскииот народ), која е во печатена форма, т.е. ја нема на интернет? И во тој случај, уредувањето ќе биде избришано, зашто изворот го нема на интернет? Не сум некој искусен уредувач, ама ова навистина не го разбирам. Всушност, малку сум разочаран, зашто на овој начин ми се намалува мотивацијата да продолжам со уредување, зашто некои администратори си земаат преголема слобода. Поздрав. ГП (разговор) 19:15, 2 мај 2017 (CEST)
Се работи за измени наравени од мене. Линковите се непостоечки, и се избришани и/или заменети со други постоечки, а некаде беа користени како потврда линкови од блог. Спорната реченица избришана од статијата не само што е нерелевантна за статија за биографија, туку и нема соодветен линк, освен пишан текст во Фокус во кој е пренесено од анкетени лист доставен до Антикорупциската комисија. Го опоменав корисникот Retrohead да не ги враќа промените и да види што сè враќа, но откако двапати ги врати измените, ја заклучив статијата, за да нема уредувачки војни. Поздрав - Виолетова (разговор) 19:19, 2 мај 2017 (CEST)
Видете Виолетова, штом сте вмешана страна во спор, ќе побарате друг администратор да делува. Ова твоето е „кадија те тужи, кадија ти суди“. Второ, товарот е врз тебе да обезбедиш консензус за промените бидејќи ти ги иницираш. Вака да си направиш како ти чини па да заклучиш статија е детски и крајно несериозно.--Retrohead (разговор) 19:42, 2 мај 2017 (CEST)
Со смирени глави. И да згрешила Виолетова, човек е се случува. Вратете ја статијата на последната стабилна верзија и промените да се дискутираат на страницата за разговор. Направи проблеми и недоразбирања и со други корисници. Колку што разбрав Виолетова бришела реченица која не може никако да се провери, а ГП си сфати него го ревертирала. Ве молам да не се расправате за глупости и избегнувајте теми кои може лесно да не исполитизираат. Веќе пишав еднаш за ова. --Никола Стоіаноски 19:47, 2 мај 2017 (CEST)

Заклучување страница се прави заради избегнување на уредувачка војна. Консензус за секои промени не треба да се обезбедува, инаку Википедија не би можела да се надградува, ниту текстовите ќе бидат веродостојни - Виолетова (разговор) 19:48, 2 мај 2017 (CEST)

Ако нешто е оспорено, да, ќе се бара консензус.--Retrohead (разговор) 19:50, 2 мај 2017 (CEST)
Апсолутно.--Никола Стоіаноски 20:00, 2 мај 2017 (CEST)
  • Како што можев да разберам од напишаното на сите вмешани страни и како што ја проверив историјата на страницата „Филип Петровски“, моето мислење е следно: 1. добро е што страницата е заклучена за уредување додека не го разрешиме тоа тука, иако можеби е добро да се користи и самата страница „Филип Петровски“, бидејќи се работи за внес на нова содржина во постоечката статија; 2. секоја врска поврзана со личноста треба да се внесе во релевантната страница, бидејќи ова не е автобиографија, па авторите си пишуваат сами статии, туку е енциклопедиска содржина, која се уредува од сите објавени извори, пишани или електронски; 3. Виолетова требало да го извести ГП за отстранувањето на уредувањата или требало да побара доказ во самиот момент на отстранување на содржината; 4. Далчо смири ги страстите и коментирај разумно и аргументирано. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:50, 2 мај 2017 (CEST)
    • Број 5: Далчо да смири страстите или дотичниот корисник? (види негов разговор) Број 6. Што има да се известо ГП кога ГП не ги внел тие информации?--Никола Стоіаноски 19:52, 2 мај 2017 (CEST)
Без разлика кој ги внел тие податоци, не се сеќавам дека сме известувале корисник дека неговите информации се ревертирани. - Виолетова (разговор) 19:57, 2 мај 2017 (CEST)
Неоправдано се отстранети, тоа е проблемот. Ако го нема списанието на интернет, купи го во продавница, побарај го од лице кое го има, но не бриши ако не можеш веднаш да го најдеш.--Retrohead (разговор) 20:02, 2 мај 2017 (CEST)

Јас не гледам дека се неоправдано отстранети. Прво, покажи ми во чија биографија на македонски политичар постојат такви податоци (јас не најдов, иако сите даваат изјави за сопственост и приватни фирми до Антикорупциската комисија)? Тој дел е значи нерелевантен. Второ, побарав он-лајн верзија за тие информации - такво нешто не постои. Поздрав - Виолетова (разговор) 20:16, 2 мај 2017 (CEST)

Штом е објавен во политичко списание нормално дека е релевантен. Ако најдеш за некој друг слободно дополни, никој не те спречува.--Retrohead (разговор) 20:20, 2 мај 2017 (CEST)
А тоа што тебе не ти се допаѓа и што не постои на друго место, еве ти вики литература за читање: en:Wikipedia:Other stuff exists и I don't like it--Retrohead (разговор) 20:22, 2 мај 2017 (CEST)
Жане, тоа што никој друг не напишал во статија за друг политичар вакво нешто не значи дека постојат. Пишувам биографии за велосипедисти каде што се користат сите можни извори. Воедно, при пишување на селата, често користам списанија, весници, книги, кои не се објавени на интернет, а дури и усни кажувања, при што се цитира човекот кој го кажал тоа, што се смета за извор. Така што, изворот е релевантен и е потребно да се внесе во статијата, но ве повикувам дискусијава за точниот извор да се префрли во страницата за разговор. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:27, 2 мај 2017 (CEST)
Retrohead, не би било лошо и самиот да ги проучиш страниците што ги постираш.
Тони, никаде не реков дека извор од пишан медиум не е релевантен, туку дека тие податоци се нерелевантни за статијата. Поздрав - Виолетова (разговор) 20:33, 2 мај 2017 (CEST)
Како тоа имотна состојба е нерелевантна? И за Бил Гејтс ќе бришеме колку пари и имот има?--Retrohead (разговор) 20:34, 2 мај 2017 (CEST)

>Отворив тема за дискусија на соодветната страница за разговор на личноста, искажете ги аргументите таму, па ќе се одлучи. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:38, 2 мај 2017 (CEST)

Improved search in deleted pages archive[уреди извор]

Помогнете со преводот на вашиот јазик

During Wikimedia Hackathon 2016, the Discovery team worked on one of the items on the 2015 community wishlist, namely enabling searching the archive of deleted pages. This feature is now ready for production deployment, and will be enabled on all wikis, except Wikidata.

Right now, the feature is behind a feature flag - to use it on your wiki, please go to the Special:Undelete page, and add &fuzzy=1 to the URL, like this: https://test.bywiki.com/w/index.php?title=Special%3AUndelete&fuzzy=1. Then search for the pages you're interested in. There should be more results than before, due to using ElasticSearch indexing (via the CirrusSearch extension).

We plan to enable this improved search by default on all wikis soon (around August 1, 2017). If you have any objections to this - please raise them with the Discovery team via email or on this announcement's discussion page. Like most Mediawiki configuration parameters, the functionality can be configured per wiki. Once the improved search becomes the default, you can still access the old mode using &fuzzy=0 in the URL, like this: https://test.bywiki.com/w/index.php?title=Special%3AUndelete&fuzzy=0

Please note that since Special:Undelete is an admin-only feature, this search capability is also only accessible to wiki admins.

Ви благодариме! CKoerner (WMF) (talk) 20:40, 25 јули 2017 (CEST)

Однесување на корисникот Рашо мк[уреди извор]

Дојдов на Википедија да придонесам со ажурирање на состојбите т.е да ги променам податоците во врска со Скопскиот аеродром. Се обидов да направам некои измени т.е да го сменам името од Александар Велики во Меѓународен аеродром Скопје но истите беа одбиени од Рашо мк. Забележав дека администраторот спречува да се промени името и на англиската Википедија. Како објективен македонец кој ја сфаќа сериозно науката и Википедија, сметам дека секој администратор треба да биде пред се ОБЈЕКТИВЕН а потоа слободоумен и да почитува факти и закони без да му се одземе правото да биде националист/ултра патриот. Сите сме повеќе или помалку патриоти но Википедија е место за точни информации а не за наши желби и приказни. Искрено, екстремниот национализам на македонската Википедија е една од главните причини поради која избегнувам да придонесувам на истата, значи добронамерно ви давам критика (не само кон Рашо туку и кон потенцијалните останати националисти), научете да бидете објективни дури и кога целото ваше битие вреска од субјективност. .Macedonicus (разговор) 15:06, 7 февруари 2018 (CET)

Извини да те прашам нешто, кај го виде ти екстремниот национализам? Ова да ги сфатам како навреда и личен напад кон целата македонска Вики-заедница? Стварно ми падна во очи овој „опис“ на нашата заедница, која ако не си доволно информиран, е мала и се труди во секој поглед да го следи развојот на останатите големи проекти и не заслужува вакви карактеризации во никој случај. Се најдобро--Никола Стоіаноски 10:30, 8 февруари 2018 (CET)
Одговорено е на мојата страна на разговор. А воедно и засегната страница има страница за разговор, па тоа таму се решава. --РашоAero-stub img.svg 15:17, 7 февруари 2018 (CET)
@Macedonicus: @Raso mk: Навистина не го гледам твоето мислење за национализам на нашата Википедија, особено погледнувајќи ги останатите балкански изданија на истата Википедија, но добро, секој си има право на свое мислење. Рашо веќе ти одговорил и на неговата страница, а мислам дека се работи за прва промена и работава можела да се реагира на самата страница на разговор на статијата. Нормално дека штом ја имаме одлуката во која е наведено преименувањето може и треба да се промени името на статијата. Употребувајќи медиумски написи за вакви работи лично не претпочитам и не треба да се користат. И на крај, коментирање за некого според неговата корисничка страница и употреба на големи букви при пишување се смета да некоректен однос кон личноста од која се жалиш. --Ehrlich91 (разговор) 21:10, 7 февруари 2018 (CET)
@Ehrlich91: @Raso mk: Директен линк од сајтот на Владата не е медиумски напис, поофицијално од тоа не може да биде. Медиумски напис би било да ставам линк од Курир или Фокус. Дали сум некоректен или коректен, не знам, само споделив како јас и многу други ја перципираат македонската Википедија и зошто не ја земаат за релевантен извор на податоци, вие (администраторите) сте десетина души, ние (читателите и крајните корисници) сме многу повеќе и мислам дека кога даваме критика за субјективизам и национализам тоа го даваме добронамерно. Одговорноста да креирате квалитетни и објективни содржини која ја имате вие е огромна, и тука не треба да има простор за субјективизам и лични ставови. Не ме интересира какви содржини имаат Балканските википедии, јас се интересирам за македонската, впрочем национализмот и филуваните приказни кај нашите содржини се директна последица на балканскиот национализам и потребата за реципроцитет. Јас не мислам дека треба да бидеме исти како останатите туку подобри, но тоа е сепак само мое мислење, ваше е да си одредувате политики на работа и да одлучувате што е дозволено а што не. Macedonicus (разговор) 09:32, 8 февруари 2018 (CET)
Незнам само зошто ја „тупите“ толку, кога сме имале слични случаи и во минатото, ако не се лажам со новите министри... Значи, како практика ни е додека не излезе некој податок во Службен весник, може да стои старото име, доколку некој го оспорува тоа... И доста со избрзани коментари околку тоа кој бил поголем националист (што не гледам ништо страшно во тоа)--Тиверополник (разговор) 09:49, 8 февруари 2018 (CET)
Момци, се обидував да не коментирам. Не се чувствувам навреден. Ултра патриот е сепак патриот, па макар и хардкор и подобро е од тој од спротивната страна на спектарот. Ама видете, така ме нарекува некој кој себеси се нарекува Мацедоникус. Позз--РашоAero-stub img.svg 10:17, 8 февруари 2018 (CET)
  • За да стапи еден законски акт во сила треба да биде објавен со Службен весник. Основен принцип на правото во Македонија. Чекајте, нека се објави во Службен весник и ќе го смениме насловот (којс поред мене е бљак).--Никола Стоіаноски 10:27, 8 февруари 2018 (CET)

Предлог за внимание во врска со англиската страница за Република Македонија[уреди извор]

Се работи за уредувања од страна на албански/про-албански Википедијанци на англиската страница за РМ каде се обидуваат да го означат албанскиот јазик за втор официјален. Според моите сознанија и според уставот, Албанскиот не е де-јуре втор официјален на рамниште со македонскиот туку останува службен јазик за внатрешна употреба со проширени ингеренции (Влада, Собрание, институции, локална самоуправа онаму каде тој изнесува 20%), додека македонскиот останува единствен официјален за надворешна и внатрешна употреба и на цела територија. Се обидувам да ги објаснам овие работи во Talk делот на Republic of Macedonia но не наидувам на поддршка. Сметам дека без разлика на тоа дали законот ќе стапи во сила или не, статусот не треба да се менува затоа што е противуставно. Какво е вашето мислење? Macedonicus (разговор) 18:32, 18 март 2018 (CET)